На Реал Мадрид кој остана без тренер по оставката на Зинедин Зидан, тешко му оди да пронајде нов предводник. По откажувањето на германскиот млад стручњак од Хофенхајм, Јулијан Наглсман, шпанскиот медиуми објавија дека и предводникот на Јувентус Масимилиано Алегри ја одбил понудата на актуелниот европски шампион.
Педесетгодишниот Алегри сака да го продолжи договорот со италијанскиот шампион.
Како прв фаворит за клупата на Реал Мадрид сега останува менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино.