АНГЛИЈА

Маркус Рашфорд, напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, ќе стане најмладата личност што ќе добие почесен докторат од Универзитетот во Манчестер, за неговата кампања против сиромаштијата кај децата, јави „Би-би-си“
Рашфорд (22) водеше кампања за да дозволи Владата околу 1,3 милион деца да добијат бесплатни ваучери за училиштен оброк во летните одмори во Англија. Наградата е најголема чест што Универзитетот може да ја даде.

Напаѓачот на репрезентацијата на Англија изјави дека „ова е ден за гордост за мене и за моето семејство“. Легендите на Манчестер јунајтед сер Алекс Фергусон и сер Боби Чарлтон претходно добија таква награда од Универзитетот.
– Уште имаме долг пат да се бориме во борбата против сиромаштијата кај децата во оваа земја, но да добиете признание од вашиот град значи дека одите во вистинската насока и тоа значи многу – вели Рашфорд.