ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Гледачите најверојатно не ќе можат да се вратат на спортските арени во Англија во следните шест месеци, најрано до крајот на март 2021-та. Официјални лица од Одделот за култура, медиуми и спорт (ДЦМС) на состанокот, на кој присуствувал и секретарот за култура Оливер Доуден, на претставниците на спортските асоцијации им рекле да се подготвуваат за натпревари без гледачи во текот на зимата, објави „Би-би-си“.
Претходно, премиерот Борис Џонсон најави низа нови ограничувања во земјата и потврди дека нема да се реализираат плановите да им се дозволи на гледачите во ограничен број, до 1.000, во рамките на т.н. пилот-програма да се вратат на фудбалските стадиони, поради појавата на нови случаи на коронавирус.
Во почетокот на овој месец, извршниот директор на Премиер-лигата, Ричард Мастерс, за „Би-би-си“ изјави дека е „апсолутно критично“ гледачите да се вратат на стадионите што е можно поскоро и ако не се случи тоа, клубовите ќе претрпат загуба од 700 милиони фунти во текот на сезоната 2020/2021.