Многу шпекулации имаше околу двете најголеми ѕвезди на Светското првенство, Нејмар и Килијан Мбапе. Тие играат во најбогатиот клуб во светот ПСЖ, но поради одредбите за финансискиот ферплеј на УЕФА, се проговори дека Реал Мадрид може да ги купи во пакет.
Сепак, ова беше медиумска гласина во кој нема вистина. И уште еднаш, парискиот клуб објави дека и двајцата остануваат. Овојпат тоа го направи една од легендите од минатото на ПСЖ, Луис Фернандес, кој сега е одговорен за развојот на академијата на тимот.
– Нејмар конечно одлучи дека сака да остане во ПСЖ. Сака да успее со нас откако доживеа неуспех на Светското првенство. Мислам дека неговата најголема цел сега е да освојува титули со Пари Сен Жермен – изјави Фернандез.
Тој ја прокоментира и иднината на Мбапе.
– Килијан дефинитивно останува. Тој веќе објави пред раководството дека 100 отсто останува во тимот. Тој сака да остане тука, за да ја освои Лигата на шампионите. Не ме загрижува финансискиот ферплеј, бидејќи Нејмар и Мбапе сакаат да останат тука и го изјавија тоа гласно – додаде Фернандез за „Радио Марка“.