Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите (ЛШ), елиминирајќи го бранителот на трофејот Баерн по голема борба, наспроти поразот од 0-1 во вечерашниот натпревар.
Ерик Чупо-Мотинг беше стрелец на единствениот гол на средбата во 40-та минута, но ПСЖ оди понатаму поради повеќе постигнати голови на гости во двомечот кој заврши со вкупен резултат 3-3. ПСЖ на тој начин му се одмазди на Баерн за поразот во ланското финале на ЛШ од 0-1.
Челси исто така избори понатамошен пласман, и покрај тоа што загуби од Порто на домашен терен со 0-1, благодарение на триумфот од 2-1 во првиот натпревар на гости. Мехди Тареми вечерва беше стрелец за Порто во судиското надополнување на мечот.
ПСЖ во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од утрешниот дуел Борусија Дортмунд – Манчестер сити (првиот меч заврши 1-2), додека Челси го очекува победникот од пресметката помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид (прв меч 1-3).