Секој потег има посилен и поефективен одговор, а само еден може да победи, пишува шпанскиот дневен спортски весник „Марка“
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси нема да се појави на тестовите за коронавирус што Барселона ќе ги изврши во екипата неделава, пишува шпанскиот дневен спортски весник „Марка“. Капитенот Меси реши да замине од Барселона и тој се чувствува слободен од договорот, а клубот се повикува на клаузулата 24, во која се прецизира дека крајниот рок за барање за заминување истекол на 10 јуни. Ситуацијата не е лесна. Меси и претседателот на клубот Жозеп Марија Бартомеу како да играат „партија шах“, пишува „Марка“.
Секој потег има посилен и поефективен одговор, а само еден може да победи. Претседателот му понудил на Аргентинецот дека ќе си замине ако каже дека тој е проблемот, Меси, пак, одговори дека нема да оди на корона-тест, па со тоа нема да оди ниту на првиот тренинг. Во ова партија шах Меси има нешто зад него, јавноста, а партијата, која е долга и комплицирана нема набргу да заврши. Од Барселона велат дека ако Меси сака да си замине од клубот тоа мора да го стори преку трансфер или со плаќање на клаузулата од 700 милиони евра. Станува сѐ потешко, гледајќи ги потезите на двете страни, а „шаховската партија“ уште не е завршена.