Тренерот на германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре, се залага за трајно задржување на новото правило за измени за време на еден меч, пренесе германскиот дневен весник „Кикер“, на својата интернет-страница.
– Многу е добро да се продолжи со пет замени на фудбалери – рече тренерот на Борусија.
Бројот на можни замени по натпревар досега беше три, но донесено е привремено правило за најмногу пет измени, по паузата во фудбалот поради пандемијата на коронавирусот. Оваа промена има за цел да го намали ризикот од повреда на професионалците по долгиот период на неактивност.