Златан Ибрахимовиќ го забележа првиот „хет-трик“ за Лос Анџелес Галакси во победата над Орландо Сити со 4:3 во американската МЛС лига.
Ибра со три последователни гола во периодот од 47 до 71 минута, го донесе пресвртот на тимот од Л.А. против гостите од Флорида.
Освен трите погодоци, Швеѓанецот беше асистент на Џовани дос Сантош за првиот гол на домаќините
Со десеттата победа, Галакси стигна само до еден бод од ривалот од Лос Анџелес, кој со натпревар помалку го зазема второто од двете места на Западот, кои водат директно во четвртфиналето.