ИН МЕМОРИАМ

По тешко боледување, на 71-годишна возраст почина поранешниот фудбалер на Вардар и на Работнички, Јастрад Јаневски. Во периодот од 1968 до 1972 година, Јаневски настапуваше за Работнички, по што мина во Вардар, каде што за седум години, од 1972 до 1979 година, одигра 120 официјални, односно вкупно 230 натпревари, во Првата и во Втората лига на поранешна Југославија. Потоа повторно се врати во Работнички, каде што настапуваше уште четири сезони, до 1983 година. По завршувањето на кариерата, работеше и како тренер во младинската фудбалска школа на Работнички.