Новиот стадион на фудбалскиот клуб Тотенхем е поплавен и причинета е голема материјална штета поради што ќе биде одложено свеченото отворање предвидено за крајот на октомври.
Како причина за поплавата се наведува пукање на цевките од противпожарните системи, при што биле зафатени неколку нивоа од објектот.
Од поплавата се оштетени најголемиот дел од електричните инсталации и постои опасност од струен удар. Воедно е целосно уништен и системот за безбедност на стадионот.
Засега не е позната причината за пукањето на цевките и за поплавата која траела околу 45 минути.
Клубот во стадионот вложи милијарда фунти, а се очекуваше да биде завршен до крајот на октомври, кога Тотенхем би се вратил на свој терен.
Штетата се уште се проценува, но најверојатно ќе изнесува повеќе милиони фунти.
Во моментов Тотенхем натпреварите ги игра на стадионот „Вембли“.