Полските навивачи денеска повторно се степаа меѓусебе во градскиот парк. До тепачката дојде неколку часа пред почетокот на мечот, а полицијата приведе стотина навивачи кои учествувале во инцидентот.
Навивачите од Полска во голем број пристигнаа во Скопје за да го следат квалификацискиот натпревар меѓу фудбалските селекции на Македонија и Полска.
Според неофицијални информации, уапсени се околу 200 полски навивачи и тие ќе бидат во притвор со цел да не дојде до нови инциденти.
Тие се судрија и во текот на вчерашниот ден.