Тренерот на Тотенхем, Маурисо Покетино, пред натпреварот од третото коло против Манчестер јунајтед изјави дека притисокот што го чувствува е веројатно ист како и врз неговиот колега Жозе Мурињо.
– Не би сакал да говорам за Мурињо, но можеби нема да ми верувате ако ви кажам дека сум под ист притисок како и тој. Постојано го чувстувам притисокот, а околностите се менуваат во текот на целата сезона. Ако победите на колото се гледа одлично, но ако претрпите пораз притисокот расте – истакна Покетино.
Јунајтед во моментов е во фокусот на јавноста поради слабата игра и неочекуваниот пораз од Брајтон, а Тотенхем во претходните две кола оствари победи против Њукасл и Фулам.
Покетино пред натпреварот во понеделник на „Олд Трафорд“ верува дека може да стигнат до победа.
Тотенхем оваа сезона ќе остане запаметен по тоа што во преодниот период не донесе ниту едно засилување.