ФУДБАЛ – ЛЕТЕН ПРЕОДЕН РОК
Досега 26-те екипи што директно се пласираа во групната фаза на Лигата на шампионите за новата сезона направиле повеќе од 140 трансфери (ангажмани и заминувања) во летниот преоден рок, според податоците што Европската фудбалска унија (УЕФА) ги објави на својата интернет-страница. Екипите своите состави за новата сезона во ЛШ треба да ги пријават до УЕФА до 2 септември, пишува УЕФА.
Меѓу другите, клупската средина ја сменија Џанлуиџи Донарума, Оливие Жиру, Давид Алаба, Серхио Рамос, Џанлуиџи Буфон, Ерик Гарсија, Серхио Агуеро, Георгинио Вајналдум… Во групната фаза на ЛШ директен пласман обезбедија Милан, Ајакс, Аталанта, Атлетико М., Барселона, Баерн, Бешикташ, Борусија Д., Челси, Клуб Бриж, Динамо Киев, Интер, Јувентус, Лајпциг, Ливерпул, Лил, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Волфсбург, Зенит, Вилјареал, Спортинг, Севилја, ПСЖ и Порто.
Од квалификациите што се во тек во групната фаза на ЛШ ќе се пласираат уште шест тима.