Правилото е воведено во мај 2020 година, а е насочено кон поддршка на благосостојбата на фудбалерите, особено кога распоредот е нарушен, што честопати доведува до натпреварување во згуснат период, пишува ФИФА
ФУДБАЛ – КАКО ОДГОВОР НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19
За време на редовниот состанок на Управниот одбор на Меѓународниот фудбалски борд (ИФАБ), одржан преку видеоконференција, членовите се согласија да ја продолжат привремената измена на правилото што им овозможува на организаторите на натпреварувањата да им дозволат на тимовите да користат до пет замени за еден натпревар, за сите натпревари од највисоко ниво што требаше да бидат завршени до 31 декември 2022 година, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата интернет-страница.
Одлуката следува по глобалната анализа на тековното влијание на коронавирусот врз фудбалот, како и застапувања од неколку клучни засегнати страни од целата фудбалска заедница, пишува ФИФА. Правилото е воведено во мај 2020 година, а привремената измена на правилото е насочена кон поддршка на благосостојбата на фудбалерите, особено кога распоредот е нарушен, што честопати доведува до натпреварување во згуснат период.
ИФАБ ќе продолжи да го разгледува влијанието на пандемијата врз фудбалот и да се консултира со своите засегнати страни за ова важно прашање, објави ФИФА.