Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, се огласи на Инстаграм по синошеќната сензационална победа над Германија од 2-1 во Дуисбург, во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2022 година.
– Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. Храбрите ги следи среќата. Со борба, верба и срце на терен, оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект – напиша Пандев, кој беше стрелец на првиот гол на средбата, додека Елиф Елмас го постигна одлучувачкиот погодок.