Чезаре Прандели е новиот тренер на Џенова, соопшти клубот во Твитер. Поранешниот селектор на Италија ќе го одржи својот прв тренинг со својот нов тим попладнево. Претходно, Прандели работеше во Ал Наср. Под негово раководство, Италија освои сребрен медал на ЕП 2012.
Џенова вчера испадна од Купот на Италија, откако загуби од третолигашот Виртус Ентела по изведувањето пенали во мечот од четвртото коло, по што тренерот Иван Јуриќ беше сменет. По 11 кола во Серија А, Џенова е на 14 место на табелата.