Фудбалската федерација на Македонија денеска соопшти дека е одложено Собранието кое беше закажано за 1 септември на кое требаше да се избере нов претседател на организацијата.
Кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, предложен од ОФС Кавадарци, Сашко Тасев ја повлече својата кандидатура и писмено ја достави до архивата на ФФМ.
– Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател која беше закажана за 01. септември 2018. година поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ се откажува – објави ФФМ.