ФУДБАЛ
Алваро Одриозола веќе слави две титули сезонава во две фудбалски првенства, но може да освои вкупно пет трофеи, пишува германскиот спортски дневен весник „Кикер“. Баерн го позајми шпанскиот десен бек од Реал Мадрид во јануари годинава за зајакнување на дефанзивата, по што 24-годишниот Шпанец одигра 152 минути во Бундес-лигата, на три меча, плус осум во Купот на Германија.
Сезонава тој играше и на четири натпревари во Ла лига за Реал Мадрид, па за неколку недели освои два шампионати – прво со Баерн и минатиот четврток со Реал Мадрид. Сето тоа со седум натпревари.
Но,тоа не е сѐ, Одриозола беше победник и на шпанскиот Суперкуп во јануари, а во меѓувреме го освои и Купот на Германија.
И бидејќи неговиот заем е продолжен до 31 август, тој може да ја освои и титулата во Лигата на шампионите, пишува „Кикер“. Тоа би бил негов петти трофеј во 2020 година. Претходно, тој во кариерата го освои клупското Светско првенство во 2018 година.