Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски повторно е спасител на неговиот тим АЕК Ларнака.
Нашиот фудбалер со гол со глава во 88 минута донесе реми 1-1 за својот тим на првиот меч од третото коло во квалификациите за групната фаза за Лига Европа.
Кипарскиот тим од 26 минута беше во негатива. Гостите од Белгија погодија преку Јеремчук.
Сепак, Тричковски по една нафрлена топка од десната страна погоди за 1-1 и се избори за помирен реванш, на кој кипарската екипа ќе мора да постигне барем еден гол за да се надева дека може да го елиминира противникот.
Иван Тричковски денеска го постигна својот петти погодок сезонава за својот клуб. Во минатото коло на гостувањето кај Левски во Софија дури четирипати го матираше противничкиот голман.
Реваншот меѓу Гент и АЕК Ларнака е за седум дена.