Поради прекинот на ланското првенство поради пандемијата на коронавирусот, ФФМ реши да нема испаѓање и Првата лига од 10 ја зголеми на 12 екипи. Во првото коло меѓу поинтересните дуели е мечот Шкупи – Шкендија, двата тима што летово ќе играат во фудбалска Европа

ФУДБАЛ – ЖДРЕПКА ЗА ПРВАТА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА

На вчерашната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа одредени двојките за првата рунда во новата сезона во Првата лига на Македонија, за сезоната 2020/2021, чиј старт е закажан за 9 август.
Поради прекинот на ланското првенство поради пандемијата на коронавирусот, Фудбалската федерација на Македонија реши да нема испаѓање и Првата лига од 10 ја зголеми на 12 екипи. На ланските 10 прволигаши им се приклучија најдобрите два тима од вторите лиги во двете групи (исток и запад), Беласица и Пелистер.
Во првото коло меѓу поинтересните дуели е мечот на Чаир, во Скопје, помеѓу Шкупи и Шкендија, двата тима што летово ќе играат во фудбалска Европа, како и дуелот во Ѓорче Петров, Македонија – Работнички. Најтрофејниот македонски клуб Вардар првиот напревар треба да го одигра дома против Борец. Л.Д.

ДВОЈКИ, 1. КОЛО
Шкупи – Шкендија
Македонија ЃП – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга
сите мечеви се предвидени за 9 август од 17.30 ч.