Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар призна дека нема да биде лесно да игра во Лигата на шампионите против Барселона во случај жрепката да ги спои двата клуба.
Бразилецот кажа дека редовно комуницира со дел од играчите на каталонскиот тим.
– Ќе биде многу тешко да се игра против Барселона во Лигата на шампионите. Јас одржувам контакти скоро со сите играчи на “Барселона. Тие ми се добри пријатели. Сакам средба со нив, но не на теренот – изјави Нејмар.
Тој минатата година се пресели од Барселона во ПСЖ во трансфер вреден рекордни 222 милиони евра.