Нејмар го изведува дриблингот „виножито“

Нејмар ја одбележа важната победа на Пари Сен Жермен над Ливерпул од 2-1 во вечерашниот меч од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), поставувајќи рекорд со решавачкиот гол, како и поради атрактивниот дриблинг „виножито“ кој е негова специјалност.

Хуан Бернат го отвори резултатот во 13-та минута, Нејмар зголеми на 2-0 во 37-та минута, додека Џејмс Милнер беше прецизен од пенал за Ливерпул во судиското надополнување на првото полувреме.

Нејмар стана најефикасниот Бразилец во ЛШ со вкупно 31 погодок на 52 настапи (има и 19 асистенции), надминувајќи го славниот Рикардо Кака кој има еден гол помалку, додека Ривалдо следува на третата позиција на листата, со вкупно 26 удари кои завршиле во мрежата.

Големо внимание привлече обидот на Нејмар за атрактивниот дриблинг познат како „виножито“, со кој Бразилецот сакаше да ја префрли топката преку противничкиот фудбалер Џердан Шакири во завршницата од мечот.

Moже да се каже дека овој тежок за изведување потег е своевиден заштитен знак на Нејмар, кој честопати се обидува да ги измами противниците со „виножито“, како што беше случај и додека настапуваше за шпанска Барселона и за бразилски Сантос.


РЕЗУЛТАТИ

Група А
Атлeтико М. – Монако 2-0
Борусија Д. – Бриж 0-0
Табела: Атлетико М. 12, Борусија Д. 10, Бриж 5, Монако 1.
Последно коло: Бриж – Атлетико М., Монако – Борусија Д.
Група Б
ПСВ – Барселона 1-2
Тотенхем – Интер 1-0
Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ 1.
Последно коло: Барселона – Тотенхем, Интер – ПСВ
Група Ц
Наполи – Ц. Звезда 3-1
ПСЖ – Ливерпул 2-1
Табела: Наполи 9, ПСЖ 8, Ливерпул 6, Ц. Звезда 4.
Последно коло: Ливерпул – Наполи, Ц. Звезда – ПСЖ
Група Д
Локомотив М. – Галатасараj 2-0
Порто – Шалке 3-1
Табела: Порто 13, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив М. 3.
Последно коло: Галатасарај – Порто, Шалке – Локомотив М.