ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Шефилд загуби дома од Евертон, со 0-1, на Боксинг деј, и постави нов несакан рекорд во англиската фудбалска Премиер-лига. По 15 кола сезонава Шефилд и понатаму е без победа, со само два бода. Тоа е заеднички најлош почеток на сезоната досега за кој било клуб во четирите најдобри лиги на Англија. Претходно такво нешто остварија само четвртолигашите Саутпорт и Бароу во сезоната 1970/71 и Њупорт каунти во сезоната 1975/76.

Тимот на Крис Вајлдер е првиот што до 26 декември не забележал ниту една победа во Премиер-лигата. Вкупно Шефилд е без победа на 18 меча во низа Премиер-лигата (16 порази две ремија).

– Истите играчи минатата година играа многу подобро, со поголема верба. Но годинава не го прават тоа. Ништо не се промени, лигата не се смени, Евертон не се смени. Ние го сменивме малку системот на игра, но во суштина за мене тој е ист, но нашиот проблем е недостигот од квалитет. Искусните играчи што играа добро една сезона сега не функционираат како што треба и не ми ја олеснуваат работата – вели менаџерот на Шефилд, Вајлдер.