Англиската јавност тешко ќе ја преболи елиминацијата од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Русија, а многумина сметаат дека капитенот Хари Кејн е еден од виновниците за поразот од 1-2.
Меѓутоа, легендарниот англиски фудбалер Гери Невил излезе со тврдење дека Кејн веројатно играл повреден на Мундијалот.
– Нема да ме изненади ако во следниот период чуеме за повредата на Кејн. Уште во второто полувреме против Колумбија отежнато се движеше, а против Шведска беше статичен. Тоа не е изговор, туку едноставно не делуваше добро – истакна Невил.
Тој го пофали резултатот на англиската репрезентација и истакна дека овој тим има голема перспектива.