Кристијано Роналдо со два гола беше најзаслужен за победата на Манчестер јунајтед над Њукасл од 4-1, во неговото враќање на „Олд Трафорд“ откако летово стигна од италијански Јувентус.
Навивачите на „Олд трафорд“ со оваации го прославија враќањето на Роналдо во нивниот клуб чиј дрес претходно го носеше од 2003 до 2009 година, пред да замине во Реал Мадрид, а потоа и во Јувентус.
Португалецот погоди во судиското надополнување на првото полувреме и во 62-та минута, додека Бруно Фернандеш во 80-та и Џеси Лингард во самата завршница беа стрелци на преостанатите два погодока за Јунајтед, во денешниот натпревар од 4-то коло на англиската Премиер-лига. Хавиер Манкиљо го постигна единствениот погодок за гостите во 56-та минута.
Манчестер јунајтед моментно е прв на табелата со 10 бода од четири одиграни средби.