Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 21 година), Добринко Илиевски, повика 22 фудбалери за натпреварите против Србија на гости на 7 и против Ерменија и дома на 11 септември во групата 7, во квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2019 во Сан Марино и во Италија и на кое во завршницата вторпат ќе настапат 12 селекции.
По шест одиграни меча досега во квалификациите Македонија е претпоследна, со само три бода, со една победа и пет порази и гол-разлика 6-13. На првите две позиции се Србија со 18 и Русија со 16 бода, кои водат во завршницата, односно во плејофот. Натаму следуваат Австрија (12) и Ерменија (7). Последен е Гибралтар, кој исто така има една победа и тоа над Македонија.
На списокот на селекторот Илиевски, кој на оваа функција го наследи Благоја Милевски, кој во мај поднесе оставка, се следните фудбалери:
ГОЛМАНИ. Ристе Јанков (Работнички), Христијан Стевковски (Скопје), Филип Трајчевски (Струга Трим љум). ОДБРАНА: Ване Јованов, Михаил Маневски (Академија Пандев), Сабахудин Аломеровиќ (Селта), Тодор Тодоровски (Вардар), Агрон Руфати (Истра 1961), Филип Трајановски (Одеволд), Алекса Амановиќ (Јавор). СРЕДЕН РЕД: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол), Јани Атанасов (Бурсаспор), Енис Фазлагиќ (Жилина), Стефан Јефтовски (Арсенал Киев), Агон Хани (Јаблонец), Тихомир Костадинов (Руженберок). НАПАД: Петар Петковски (Работнички), Димитар Митровски (Спортинг), Марио Крстовски (Академија Пандев), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс), Дарко Чурлинов (Келн), Милан Ристовски (Кршко).