Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година забележа победа од 2-1 на гостувањето кај Фарски Острови, во квалификациите за Европското првенство в година. Надежите на тој начин стигнаа до важни три бода во борбата за втората позиција во групата.
Ристовски во 18 минута и Ацковски во 80-та минута беа стрелци за Македонија, додека Kнудсен во 84-та минута го постигна единствениот гол за домаќинот.
Избраниците на Благоја Милевски сега се на второто место на табелата со 10 бода. Трет е Израел со осум, но и со меч помалку.