Благоја Милевски ја имаше промоцијата како нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Поранешниот селектор на репрезентацијата за фудбалери до 21 година, на функцијата во сениорскиот тим, дојде на местото на Игор Ангеловски. Најуспешниот македонски селектор, Ангеловски, ја напушти функцијата по елиминацијата на Македонија од Европското првенство.
Милевски ќе биде 18 селектор во историјата на македонската репрезентација. Зад себе има настап на Европско првенство со У-21 репрезентацијата. Тој со Фудбалската федерација на Македонија договори соработка до 2024 година.
На кормилото на националниот тим тој ќе дебитира во септември, во квалификациите за Светското првенство. Македонија на 2 септември ќе ја пречека Ерменија, три дена подоцна ќе гостува на Исланд, а на 8 септември во Скопје ќе игра против Романија.