ФУДБАЛ – КОПА АМЕРИКА

Репрезентацијата на Аргентина ја совлада Боливија со 4-1 во групата А, на 47. издание на Копа Америка, на мечот на кој напаѓачот на Барселона, Лионел Меси (34), по 148., рекорден пат го носеше сино-белиот дрес, со што го надмина Хавиер Масчерано. Меси постигна и два гола на тој меч, вкупно 75.
– Имав доволно среќа да освојам сѐ на клупско и на индивидуално ниво и би било убаво и да освојам нешто со националниот тим. Тоа е мојот сон – изјави Меси во пресрет на годинашната Копа Америка.
Меси играше во три финалиња на Копа Америка, како и на финалето на Светското првенство (СП) 2014 година, кои Аргентина ги загуби. Аргентина е непоразена на последните 17 натпревари, но нема освоено ниедна голема титула по Копа Америка во 1993 година.
На Копа Америка се познати и четвртфиналните двојки. Аргентина ќе игра против Еквадор, Уругвај со Колумбија, домаќинот на турнирот Бразил ќе игра со Чиле, а Парагвај со Перу.