Фудбал – НА НАТПРЕВАРИТЕ ПОД ИНГЕРЕНЦИЈА НА УЕФА
Аргентинецот Лионел Меси, напаѓачот на Барселона, има одиграно најмногу натпревари (147) и има постигнато најмногу голови (118) меѓу фудбалерите од Јужна Америка на натпреварите во поранешниот Куп на европските шампиони (КЕШ), сега Лига на шампионите (ЛШ), објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница.
Зад Меси, според бројот на настапи, се Бразилците Роберто Карлос (128), Дани Алвеш (114), Фернандињо (105) и уште еден Аргентинец, Хавиер Занети, исто така со 105. Кога станува збор за постигнатите голови, далеку зад Меси, кој има дадено најмногу, се неговите сонародници, Алфредо ди Стефано (49) и Серхио Агуеро (47). Бразилецот Нејмар има дадено 41, Уругваецот Единсон Кавани 35 гола итн.
Меси е најефикасен со 121 гол, постигнати на сите натпревари под ингеренција на УЕФА, во ЛШ, во Лига Европа (ЛЕ), во Суперкупот и други. Натаму следуваат Агуеро (63), Ди Стефано (50), Кавани (49), Колумбиецот Радамел Фалкао (48) итн.
Вкупно најмногу натпревари под ингеренција на УЕФА има одиграно Занети, 160. Пет помалку (155) има Алвес, Меси (151), Роберто Карлос (144), Фернандињо (144) итн.