Капитенот на Барселона, Лионел Меси, во натпреварот од третото коло од Шпанското првенство одигран вчеравечер на „Камп Ноу“ постигна два гола и запиша две асистенции.
Натпреварот заврши со победа на Каталонците од 8:2, а Меси стана првиот фудбалер со остварени 150 асистенции во 21. век во Ла Лига.
Најблиску до ова остварување на Аргентинецот од активните играчи во најсилните пет европски лиги е Цеск Фабрегас од Челзи со 143 додавања по кои бил постигнат гол.
Хуеска е 37 екипа во Ла Лига против која Лионел Меси постигнал гол и е прв и во статистичката категорија.