Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, на прес-конференција по победата над Нигерија (2:1) изјави дека тој и неговиот соиграчи од репрезентацијата поминале тешки моменти на Мундијалот.
– Ни на крај памет не очекувавме дека вака ќе се мачиме да ја поминеме групата. Претрпевме ужасни моменти и кога Рохо го постигна победничкиот гол многу ми олесни. Ја контролиравме топката во првото полувреме обидувајќи се да создадеме шанси за гол. Мислевме дека и во вториот дел ќе биде исто, но…. Како се наближуваше крајот ни се чинеше дека времето лета, станавме нервозни. За среќа сė се заврши во наша полза – истакна Меси.
Аргентина во осминафиналето ќе игра со Франција.
– Ги гледавме сите натпревари на францускиот тим. Таа имаат многу силен состав, добри се во одбраната, а во нападот се експлозивни и брзи – додаде Меси.