Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, изразил надеж дека Нејмар и следната сезона ќе му биде соиграч. Мпабе проговорил и за својата изјава дека „бил подготвен да преземе поголема улога во ПСЖ или на некое друго место“.
– Таа изјава отвори многу врати. Никој не можеше да знае за што зборувам. Јас знаев, знаеше тренерот и претседателот на клубот. Не беше време и место за таква изјава. Тоа го изјавив на доделувањето на наградите за најдобрите во минатата сезона. Жалам што на останатите играчи им ја расипав забавата. Работеа напорно цела година, а јас им го украдов шоуто, на негативен начин – рекол Мабапе и дополнил.
Мбапе и наредната сезона ќе игра за ПСЖ, меѓутоа иднината на Нејмар е неизвесна. Тој бара трансфер, поточно сака да се врати во Барселона.
– Не сакам да си замине. Сакам да остане овде. Му го кажав тоа. Знае каква е ситуацијата и какво е моето мислење. Нашиот однос е заснован на взаемна почит. Многу го ценам – кажа Мбапе.