Немања Матиќ го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед, потврдил тренерот Оле Гунар Солскјер.
Бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сезоната, а во првиот дел од сезоната ретко играше, медиумите го поврзуваа Матиќ со Интер, Јувентус, Милан и Атлетико Мадрид.
За овие клубови проблем претставуваше платата на фудбалерот. Матиќ во Јунајтед има неделна плата од 120.000 фунти.
Сепак по повредата на Скот Мектоминеј, Матиќ доби шанса од Солскјер и во целост ја искористи.
– Се договоривме со него, сто отсто ќе остане – рекол Солскјер.
Британските медуми не прецизираат дали Матиќ ќе потпише на една или две години.
Немања Мариќ во Јунајтед е од 2017 година, претходно играл за Челси, Бенфика и Кошице.