Првакот на нАглија, Манчестер сити, е првиот фудбалски клуб што има потрошено повеќе од една милијарда евра за трансфери на играчи. Блиску до оваа бројка по летниот преоден рок се уште два клуба, францускиот ПСЖ (913 милиони) и Реал Мадрид (902 милиони евра), се вели во последната, неделна анализа на фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Швајцарија, во која се содржат податоците за сите тимови во петте најголеми фудбалски лиги во Европа (Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција).

Просечната потрошувачка за трансферите на актуелните фудбалери во клубовите и во лигите е следната: во Премиер-лигата 345 милиони евра, во Ла лига и во Серија А по 167 милиони, во Бундес-лигата 124 милиони евра и 118 милиони евра во Лигата 1.
Според процената на ЦИЕС, петтемина најскапи играчи на Сити чинат над 700 милиони евра. Тоа се Рахим Стерлинг (207,8 милиони евра), Лирој Сане (137,1 милиони), Бернардо Силва (136,9 милиони), Габриел Жезус (130,6 милиони) и Емерик Лапорт (105,4 милиони евра).


НАЈМНОГУ ВЛОЖЕНИ ПАРИ
КЛУБ ЗЕМЈА СУМА
1. Манчестер с. Англија 1.014
2. ПСЖ Франција 913
3. Реал Шпанија 902
4. Манчестер ј. Англија 751
5. Јувентус Италија 719
6. Барселона Шпанија 697
7. Ливерпул Англија 639
8. Челси Англија 561
9. Атлетико Шпанија 550
10. Арсенал Англија 498
сумите се во милиони евра
Извор: ЦИЕС