Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го пречека Косово во полуфиналниот меч од фајналфорот на Лигата на нациите, во март 2020 година.
Грузија ќе игра против Белорусија во второто полуфинале од лига Д. Победникот во финалето ќе обезбеди учество на Европското првенство во 2020 година.
Косовците се пласираа меѓу најдобрите четири селекции во лига Д, откако вечерва стигнаа до првото место во групата 3, по победата над Азербејџан од 4-0.
Македонија ја освои првата позиција во групата 4, пред Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, со што веќе избори пласман во повисок ранг, во лига Ц.