Фото: Фудбалска федерација на Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено на гостувањето кај Грузија 1-1 со што останува непоразена по два меча во Лигата на нации. Во првиот дуел националната селекција беше подобра од Ерменија со 2-1.

Домаќинот дојде во водство преку Торнике Окриашвили од пенал во 13-та минута по прекршокот на Езџан Алиоски врз Квича Кваратшкелија. Стефан Ристовски донесе израмнување во 33-та минута по одлична акција на капитенот Горан Пандев.

Во второто полувреме, Македонија остана со играч помалку на теренот во 64-та минута по црвениот картон на Висар Муслиу за опасен лизгачки старт врз грузискиот капитен

Во второто полувреме, ритамот на игра беше одлучен во 64. минута, кога Висар Муслиу доби црвен картон за опасен лизгачки старт над грузискиот капитен Џаба Канкава. Грузија потоа ја презема иницијативата, но избраниците на Игор Николовски успешно се одбранија.

Македонија е прва на табелата со 4 поени, колку што има и Грузија, додека Ерменија има 3, а Естонија е без поени.

Ерменија славеше со 2-0 против Естонија. Македонија во следниот меч од натпреварувањето гостува кај Естонија во октомври.

ЛИГА НА НАЦИИ, ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Грузија – МАКЕДОНИЈА 1-1

Ерменија – Естонија 2-0

Табела: Македонија 4, Грузија 4, Ерменија 3, Естонија 0