Европската фудбалска унија (УЕФА), објави дека ждрепката за третото издание на Лигата на нации, ќе биде извршено на 16 декември. Во овој трет циклус, Македонија, ќе се натпреварува во Ц-дивизијата.
Македонија, ждрепката, ќе ја чека од вториот барабан, заедно со Грција, Белорусија и со Луксембург. Овие три репрезентации сигурно нема да им бидат противници на „црвено-жолтите“ во Лигата на нации.
Натпреварите во Лигата на нации ќе бидат одиграни во два термини, во јуни и септември. Лигата ќе започне на 2 јуни, во тој прв циклус ќе се одиграта четири кола, а во вториот, септемвриски циклус, на програмата ќе бидат последните две кола.
Победниците на групите во најсилната А-дивизија, во јуни 2023 година, ќе играат на завршниот турнир во Лигата на нации. Последнопласираните репрезентации во дивизиите А и Б ќе се преселат еден ранг подолу, а победниците на групите во дивизиите Б, Ц и Д ќе напредуваат еден ранг погоре.
Последнопласираните репрезентации во Ц-дивизијата ќе играат бараж за опстанок. Поразените во овие баражи ќе се преселат во Д-дивизијата.
Барабан 1: Турција, Словачка, Бугарија, Северна Ирска
Барабан 2: Грција, Белорусија, Луксембург, Македонија
Барабан 3: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово
Барабан 4: Фарски Острови, Гибралтар и две репрезентации од плеј-офот во кој ќе играат Казахстан, Кипар, Естонија и Молдавија