Македонската фудбалска репрезентација се најде на 77.место на ФИФА ранг-листата објавена денеска.
„Црвено-жолтите“ го влошија својот пласман по двата нерешени исхода на мартовските контролни средби со Финска и со Азербејџан одиграни во Турција.
Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (98. место), Лихтенштајн е 181-ви, а Гибралтар се наоѓа на 196-тото место.
Лидер е Германија пред Бразил и Белгија. По нив во ТОП 10 следуваат: Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.