Фудбалерот на шпански Леванте, Енис Барди ќе го пропушти утрешниот натпревар со Грузија во Тбилиси поради повреда Покрај Барди, во Тбилиси не отпатуваа Кире Ристевски и Крсте Велкоски, кои биле позитивни на коронавирус на последното тестирање.
Барди, еден кој е еден од најважните играчи во македонската репрезентација, имал проблеми со рбетот. Отсуството на Барди претставува сериозен удар за плановите на селекторот Игор Ангеловски, кој против Грузија веројатно нема да смета ниту на капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми.
Дуелот Грузија-Македонија се игра утре со почеток во 18 часот, а победникот ќе избори пласман на Еворпското в година.