Судот во Лондон поради возење во алкохолизирана состојба му изрече паричната казна од 50.000 фунти и му ја одзеде возачката дозвола на 20 месеци на голманот и капитен на англискиот фудбалски клуб Тотенхем и на француската репрезентација, Иго Лорис.
Тој на 24 август бил запрен при рутинска контрола и не го поминал тестот за алкохол, а потоа бил приведен.
Лорис се произнесе за виновен во случајот, а претходно упати јавно извинување до семејството, соиграчите, управата и навивачите на клубот.