ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЗА ЖЕНИ
Францускиот Лион петти пат едноподруго е европски фудбалски првак во женска конкуренција, откако во финалето на Лигата на шампионите го совлада германскиот Волфсбург со 3-1. Мечот за титулата, како и турнирот со осум тима, се играше во Сан Себастијан (Шпанија), без гледачи, поради пандемијата на коронавирусот.
За Лион тоа е вкупно седма титула (2011-2012, 2016-2020) континентален првак, по учеството во деветтото финале. Волфсбург остана на два трофеја (2013 и 2014 година). Двата тима досега играа четири пати меѓу себе во финалињата, а Лион води со 3-1 во победи. Лион на овој турнир во Сан Себастијан на патот до титулата ги победи и Баерн со 2-1 во четврт-финалето и ПСЖ со 1-0 во полуфиналето.
Лион сезонава ја освои двојната круна во Франција (првенство и Куп), па со трофејот од Лигата на шампионите петти пат освои три трофеи во една сезона.
НАЈМНОГУ ТРОФЕИ
Лион 7
Франкфурт 4
Умеа 2
Волфсбург 2
Турбине 2
Арсенал 1
Дуисбург 1