ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Градското дерби помеѓу Евертон и Ливерпул, закажано за 21 јуни, ќе се одигра на стадионот на Евертон, „Гудисон парк“, откако градската советодавна група даде дозвола за одржување на натпреварите во англиската Премиер-лига како што е закажано.

И Ливерпул доби дозвола да ги одигра сите преостанати домашни натпревари во Премиер-лигата на „Енфилд“, што, пак, значи дека би можел да ја потврди титулата на својот стадион на дуелот со Кристал Палас на 24 јуни, доколку претходно не го стори тоа. Одлуката ќе треба да ја ратификува Премиер-лигата, која се очекува да биде формалност, пишува британскиот „Индепендент“.

Сезоната во Англија треба да продолжи на 17 јуни. По 29 натпревари, Ливерпул води со 82 бода, 25 повеќе од второпласираниот Манчестер сити, кој има и еден меч помалку. На Ливерпул за заверка на титулата му требаат уште шест бода.