Ливерпул заработил над 152 милиони фунти (172,5 милиони евра) сезонава во Премиер-лигата, 1,44 милион фунти (1,63 млн. евра) повеќе од шампионскиот тим на Манчестер сити, затоа што повеќе нивни натпревари беа пренесувани на телевизија во Велика Британија. Ливерпул, кој го освои второто место минатата сезона со 97 поени, само еден помалку од Манчестер сити, беше на Скај спорт или на БТ спорт 29 пати, трипати повеќе од Сити. Тимот на Пеп Гвардиола доби 38,4 млн. фунти (43,5 млн. евра) за освојување на титулата.
Испаднатиот Хадерсфилд сезонава заработил 96,6 млн. фунти (109,5 млн. евра).
Сите 20 премиерлигашки клубови добија еднаква сума пари, околу 34,4 млн. фунти (39 млн. евра), плус по 43,2 млн. фунти (49 млн. евра) од меѓународните ТВ-права, како и дополнителни 5 млн. фунти (5,6 млн. евра) од комерцијалните зделки.