По серијата лоши резултати, раководството на Лестер го отпушти тренерот Клод Пуел. Причината за разделбата меѓу двете страни се слабите резултати во последно време и вчерашниот тежок пораз од Кристал Палас со 1:4.
Пуел застана на чело на „лисиците“, откако Лестер се раздели со Клаудио Раниери. Фаворит за позицијата менаџер на Лестер е тренерот на шкотски Селтик, Брендан Роџерс, а овие шпекулации се појавија во медиумите уште од декември 2018 година.
На последните 5 натпревари, „лисиците“ освоија само 1 поен и тоа по ремито со Ливерпул – 1:1, но забележаа и 4 последователни порази од Вулверхемптон, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Кристал Палас.
Тимот на Лестер е на 12 место во Премиер лигата со 32 поени.