Контроверзниот белгиски фудбалер, Раџа Наинголан одлучи својата кариера да ја продолжи во тимот на Калјари, пренесуваат медиумите во Италија.
Белгиецот беше член на клубот од Сардинија во периодот од 2010 до 2014 година, а во претходните 5 години беше дел од Интер и Рома.
Се чинеше дека со преминот во Рома неговата кариера ќе оди во нагорна линија, но не оди се по очекувањата за фудбалерот познат по недисциплина.
Пред да се договори со Калјари, Наинголан ги одби понудите на Сампдорија и Фиорентина.
Калјари минатата сезона ја заврши на 15. позиција со само 3 бода повеќе од Емполи кој се пресели во понизок ранг.