Легендарниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина, во однос на ВАР технологијата која станува сè позастапена во фудбалот, истакнува дека судиите не сакаат да бидат критикувани за нивните грешки, но дека е неопходно да се биде отворен за новите достигнувања.
– Не мислам дека нема иднина без ВАР, но живееме во време кога технологијата е значаен дел од животот. Во минатото таа не беше на ова ниво, а сега напредува секојдневно. Јасно е дека ниту еден судија не сака да прави грешки и да биде критикуван заради тоа. Мораме да бидеме отворени за промени, бидејќи на крајот само резултатот е важенм – потенцира 58-годишниот Колина за „Газета дело спорт“.
ВАР технологијата се употребува во повеќе европски лиги, а неодамна беше употребена и на Светското првенство во Русија.
Колина пред десетина дена од лични причини се повлече од функцијата претседетел на Судискиот комитет при УЕФА.