Првиот натпревар во неделата попладне во шпанската Ла Лига, без навивачи на трибините, се одигра на стадионот „Сан Мамес“ помеѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид (1-1) и, за волја на вистината, не беше сè толку лошо. Оние места што обично ги исполнуваат навивачите сега се наменети за фудбалерите и тренерскиот персонал, кои се во групи од дваесетина по екипа и се разместени околу првите неколку реда, а секој од нив треба да носи маска, пишува шпанска „Марка“.
Звукот на топката кога се шутира, сега е понагласен и од оној кога тоа се прави на тренинзите. Дури и без навивачи, сепак, играчите играат на елитно ниво, мотивирани од нивниот спортски професионализам. Комуникацијата на теренот се зголемува со секој погодок, а и тренерите се движат повеќе како што одминува натпреварот. Протестите од клупата стануваат позабележителни, а можеби и затоа жолтиот картон трепереше во таа насока на стадионот „Сан Мамес“.
Фудбалот сега е поразличен, но мора да го искористиме максимумот од тоа и да уживаме најдобро што можеме, појаснува шпанска „Марка“.
Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид на стадионот „Сан Мамес“, секако, сакаа да го извлечат максимумот од својот прв меч, бидејќи продолжуваат со своите европски амбиции за следната сезона, Атлетико Мадрид настојува да се пласира во Лигата на шампионите (ЛШ), а Атлетик Билбао во Лигата на Европа (ЛЕ).