Помеѓу октомври и декември водечките фудбалери ќе играат секои три дена во период од три месеци. Се надеваме дека УЕФА ќе нѐ сослуша, како што обично прави кога станува збор за здравјето на играчите, вели Андреа Ањели, претседателот на Здружението на европските клубови
ФУДБАЛ
Европските клубови ќе лобираат до Европската фудбалска унија (УЕФА) да се врати правилото за пет замени по меч во групните фази од новата сезона во Лигата на шампионите и во Лига Европа, пишува „Би-би-си“. Раководното тело на Светската фудбалска федерација (ФИФА) дозволи индивидуалните натпреварувања да продолжат со правилото за пет замени, насочено кон намалување на напорот на играчите во сезоната што е скратена за четири недели, поради влијанието на ковид-19 врз календарот на натпревари за 2019/2020.
Англиската Премиер-лигата веќе гласаше за враќање на старото правило за три замени. Сепак, откако УЕФА го стори истото тоа за квалификациските кола во нејзините натпреварувања, претседателот на Здружението на европските клубови (ЕЦА), Андреа Ањели, смета дека враќањето кон пет замени ќе биде поправедно за фудбалерите, пишува „Би-би-си“.
– Помеѓу октомври и декември водечките фудбалери ќе играат секои три дена во период од три месеца. Се надеваме дека УЕФА ќе нѐ сослуша, како што обично прави кога станува збор за здравјето на играчите. Потребен ни е постојан и усогласен стил на игра со оглед на пренатрупаниот календар. Германија, Франција и Италија веќе гласаа за пет замени, а Шпанија ја менува својата одлука. Во Англија мнозинството клубови гласаа за, но им беше потребно квалификувано мнозинство од 14 клуба – вели Ањели.