ПРИВРЕМЕНО ПРАВИЛО НА ФИФА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА

Раководното тело на Советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе неколку важни, но привремени одлуки во врска со репрезентативните собири во септември. ФИФА, по консултација со Европската фудбалска федерација, донесе одлука за општите правила, кои вообичаено ги обврзуваат клубовите да ослободуваат играчи за натпреварите во националните тимови.
Поради пандемијата на коронавирусот, ФИФА им даде право на клубовите да не ги пуштаат играчите во нивните национални тимови доколку се бара задолжителна самоизолација од најмалку пет дена во земјата во која е клубот или во земјата каде што ќе треба да игра, како и тоа ако има ограничувања на патувањата во некоја од тие локации, се разбира, ако земјата во која се игра мечот не ги укине овие правила за националниот тим што доаѓа на гостување.
Покрај тоа, сите учесници во натпреварите за време на меѓународниот репрезентативен период мора да се придржуваат кон протоколите за здравје и за безбедност, утврдени од организаторот на натпреварувањето. Привремените правила на ФИФА важат за репрезентативните собири што се предвидени од 31 август до 8 септември за мажи и од 14 до 22 септември за жени.